Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан

ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан

Авиокомпанијата „Емирати“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на нивните летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги користеше либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели во соопштението на авиокомпанијата објавена вчера на нејзината веб-страница.

Се додава дека сите забранети предмети ќе ги конфискува полицијата во Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радија користени од членовите на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека Израел е одговорен за нападот, но тој не ја презеде одговорноста.

Нема летови до Ирак и Иран до вторник

Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите кон Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, а до Јордан ќе бидат обновени во недела. Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезбола, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут.

Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.

Фото: EPA


Слично

Поврзани вести