Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за патување во САД за уште три земји - кое е објаснувањето на Трамп?

Забрана за патување во САД за уште три земји - кое е објаснувањето на Трамп?

Граѓани на уште три земји ќе имаат забрана за патување во САД. 

Северна Кореја, Венецуела и Чад се три нови држави кои се ставени на списокот на Соединетите Американски Држави за кои се применува контроверзната забрана за патување.

Северна Кореја и Чад се соочени со целосна забрана, додека забраната за влез во САД за Венецуела се однесува на владини претставници и нивните семејства.

Претседателот Доналд Трамп нагласи дека безбедноста на Америка е приоритет. 

„Да ја направам Америка безбедна е мојот приоритет број еден. Немa да ги пуштиме во земјата оние кои не можеме безбедно да ги провериме“- напиша на Твитер  Трамп.

Белата Куќа ја правда одлуката со информации добиени од странски влади. 

Досегашните забрани за влез во САД важеа за граѓани од Иран, Сирија, Јемен, Либија, Сомалија и Судан. Во меѓувреме, Судан е тргнат од листата.

Слично

Поврзани вести