Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за палење на шумите стапува на сила во Бразил

Забрана за палење на шумите стапува на сила во Бразил

Во Бразил е воведена забрана за палење на шумите, и таа ќе трае два месеци

Указот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за забрана за палење на шумите за добивање земјоделски површини, која треба да придонесе на сопирањето на ширењето на пожарите во Амазонија, стапи на сила и ќе трае два месеци. 

Сепак,  многумина се скептични околу неговиот ефект.

Указот на претседателот Болсонато забранува секакво палење на шумите за земјоделско земјиште на целата државна територија во следните шеесет дена, но има и исклучоци. Палењето главно се користи за добивање земја за одгледување земјоделски култури или за одгледување стока кои се важен извозен сектор на Бразил.

Излегувањето на терен на бразилската војска изминатиов викенд не дало резултат – повеќе од половина од 1.628 нови пожари во изминатите 24 часа избувнале во Амазонија и покрај испраќањето 18 авиони и 3.900 луѓе.

Слично

Поврзани вести