(ВИДЕО) ЗАБОРАВИЈА НА КОРОНАТА: Ги преплавија плажите
Британците и покрај антикорона мерките и барањата на владата, ги окупираа плажите во Бурнмот и другите делови на брегот на Дорсет.
При тоа никој не ја почитувал физичката дистанца, јавуваат британските медиуми.
Локалните власти биле принудени итно да реагираат поради гужвите на плажите, сообраќајниот метеж и насилството.
„Многу луѓе избраа да бидат неодговорни и опасни. Направивме таков напредок во борбата против оваа пандемија и не би сакал да видам дека Бурнмот станува место од каде започна вториот бран", изјави пратеникот Тобијас Елвуд за Гардијан.
Шефицата на локалната полиција Сем де Реј изјави дека луѓето треба да ги избегнуваат плажите, со оглед на ситуацијата.
Во земјата досега има над 307.000 заразени со коронавирусот.
Во светот бројката надмина 9.7 милиони инфицирани.
