Забавува продажбата на таблет компјутерите
Продажбата на таблет компјутерите во третиот квартал од оваа година на светскиот пазар забави, а вредноста на акциите на американскиот гигант достигна најниско ниво, пренесува „Волстрит журнал“.
На глобално ниво во третиот квартал од 2013 година биле продадени 47,6 милиони таблет уреди, што претставува годишен раст од 36,7%. Оваа стапка на раст во вториот квартал изнесуваше 56,7%, а во првиот 142,4%, се наведува во студијата објавена во САД.
Епл прв го лансираше таблет компјутерот iPad во 2010 година, а со продадени 142,1 милиони вакви уреди во третото тримесечје има 29,6% пазарен удел кој е најнизок досега.
Втор на пазарот е Самсунг од Јужна Кореја, кој во третиот квартал продаде 9,7 милиони таблет компјутери. На третото место е тајвански Асус, а после него следува кинеската компанија Леново.
Слично
