Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забавува инвестирањето во европските хотели!

Забавува инвестирањето во европските хотели!
Се намалува активноста на инвеститорите во хотелската индустрија пред се е во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка. Активноста е намалена за 4% до 8,5 милијарди евра во 2012 година, покажуваат податоците на компанијата за недвижности „Jones Lang LaSalle“ (JLL), пренесува онлајн изданието „Property EU“. Најликвиден пазар останува Велика Британија, каде што обемот на трансакции бил 2,3 милијарди евра, следи Франција со 1,7 милијарди евра и Германија со 1,2 милијарди евра. Париз и Лондон остануваат магнет за странскиот капитал, што доаѓа главно од богатите инвеститори од Блискиот и Далечниот Исток, кои заземаат околу 40-50% од сите трансакции и на двата пазари. Меѓу купувачите на хотели доминираат големите инвеститори, кои го зголемија својот удел на пазарот од 17% од вкупната вредност на инвестициите во 2011 година до 24% во 2012 година. Тие се особено активни во Германија. Инвестициската доверба беше поддржана и од добрите оперативни резултати на неколку клучни пазари. Ова е најмногу важи за Париз (+8,5%) и Германија како целина, каде што е забележан силен пораст на приходот од соба,  во Берлин (+8,6%), Франкфурт (+5,1%) и Минхен (+ 8,5%). Од компанијата за недвижности „Jones Lang LaSalle очекуваат во 2013 година резултатите да се подобрат во дел од европските пазари со оглед на постојаното зголемување на посетителите од новите економии во Азија и Јужна Америка.
Слично

Поврзани вести