Забавува економскиот раст во Бразил
Се забавува растот на економијата во Бразил. Шестата по големина во светот, забележала раст од 0,9% во текот на минатата година.
Според објавените податоци за последното тромесечје за 2012-та, растот на економијата изнесувал 0,6 отсто што сепак не ги оправда повисоките очекувања на инвеститорите.
Со цел да ја заживее економијата, бразилската влада одлучи да ги намали даноците на потрошувачката и трошоците0 за работна сила. Државата исто така сега треба да се справи и со високата инфлација, која ја слабее куповната моќ на граѓаните.
Слично
