Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забави кинеската индустрија

Забави кинеската индустрија
Темпото на раст на кинеското производство во Кина забави во ноември, но малопродажбата забележала забрзување, покажуваат официјалните податоци. Индустриското производство, кое се мери според производството во фабриките, рудниците и работилниците, пораснало во ноември за 10 отсто на годишно ниво, што е забавување во однос на октомврискиот раст од 10,3 отсто, но во сасоглсност со прогнозите на економистите, соопшти кинеското Национално биро за статистика, пренесува Франс прес. Од друга страна, малопродажбата, ккао клучен показател за личната потрошувачка, пораснала во ноември за 13,7 отсто на годишно ниво. Најновиот извештај доаѓа по оптимистичките податоци за извозот и бенигната инфлација во ноември, кои се последен доказ за зајакнување на кинеската економија по забавувањето од првата половина на годината.  
Слично

Поврзани вести