ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ СО ФАЈЗЕР НЕ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА: Во САД целосно вакцинирани лица нема да добијат бустер
Здравствените
власти на САД соопштија дека на Американците кои се целосно
вакцинирани нема да им треба и трета доза од вакцината на
американско-германскиот производител Фајзер/БиоНТек. Одлуката следува откако
американските здравствени власти одржале состанок со претставници на компанијата
Фаjзер.
Инаку, по се интензивното ширење на делта варијантата низ светот, фармацевсткиот гигант побара од ФДА и ЦДА, двете регулаторни агенции за лекови и храна да дозволат уште една бустер или засилувачка доза, шест месеци откако едно лице е целосно вакцинирано.
Сепак, остануваат на ставот дека целата ситуација со пандемијата на корона вирусот ја следат внимателно и доколку има потреба ќе биде одобрена и засилувачката доза.
Слично
