Економија, финансии, бизнис

Контакт

За тропање на врата заработил казна од 60.000 долари

За тропање на врата заработил казна од 60.000 долари
Во Австралија еден трговски патник , одејќи од врата до врата на заинтересираните им нудел договори за приклучување на гас. И ништо од тоа не би било необично , додека не бил казнет со 60 000 австралиски долари. А сето тоа се случило бидејќи го игнорорал натписот на влезната врата на еден дом - „Не тропај.‘‘ Како што пренесуваат и пишуваат локалните медиуми , казната иако му е изречена на трговецот , сумата треба да ја плати компанијата за која работи. Судот и одредил на фирмата за дистрибуција на гас АГЛ и на маркетиншката фирма ЦПМ да платат отштета од 60 ооо австралиски долари (околу 39 000 евра). „Знакот бил закачен на вратата и на него  имало слика со тупаница  која удира во врата и натпис - Не тропај. Трговските патници овде не се добредојдени‘‘- се истакнува во образложението на судот и на тоа додавајки - „Трговскиот патник сепак тропнал на вратата на потрошувачот и пробал со него да направи договор.‘‘ Овие казни имаат за цел да го спречат ова однесување на  трговските  патници во иднина - објаснил судијата Џон Мидлтон во своето судско образложение.
Слично

Поврзани вести