Економија, финансии, бизнис

Контакт

За три месеци Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица

За три месеци Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица

Во Рим на 4 септември ќе се одржи церемонија на прогласувањето на Мајка Тереза за светица на Католичката црква во целиот свет.

По тој повод Скопската бискупија ќе приреди татковинска прослава „Денови на блажена Мајка Тереза“, која ќе започне во Скопје веднаш по нејзината канонизација во Рим.

За Програмата на прославата посветена на Мајка Тереза и нејзиното прогласување за светица, денеска на прес-конференција ќе информираат Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монсињор Киро Стојанов и Валентина Божиновска и директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

„ Сите нас не израдува веста дека блажена Мајка Тереза, која е родена во Скопје и била наша сограѓанка до своите 18 години, на 4 септември 2016 со чест ќе биде издигната на олтарот, како светица на Католичката црква во целиот свет“ - се наведува во пораката на бискупот Стојанов.

Прославата ќе се одвива во текот на целата седмица од 5 до 11 септември, а ќе заврши со Ефхаристичко славење кое ќе се случи на местото на нејзината родна куќа при што ќе биде прогласено светилиштето на света Мајка Тереза.

Таа е родена е во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка. Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. Почина на 5 септември 1997 година во Калкута, и е позната во целиот свет по својата хуманост.

Слично

Поврзани вести