Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Трамп иранскиот предлог е „ѓубре“

За Трамп иранскиот предлог е „ѓубре“

Прекинот на огнот меѓу Иран и САД е загрозен, откако денеска американскиот претседател Доналд Трамп го осуди „глупавиот предлог“ од Техеран.

Трамп го нарече иранскиот предлог „парче ѓубре“ и предупреди дека прекинот на борбите е на „апарати за дишење“.

„Имате умерени и имате лудаци. Мислам дека умерените се попочитувани. Лудаците сакаат да се борат до крај. Тоа би била многу кратка борба. Како и во нашата земја, и ние имаме лудаци. Ги нарекувам лудаци, ги нарекувам и глупави луѓе. Во Иран, тие имаат свои умерени кои очајно сакаат договор, а потоа и тие имаат лудаци“, рече американскиот претседател.

Вели дека раководството е составено од многу нечесни луѓе. 

„Не заборавајте, ова е третото ниво. Првото ниво е исчезнато, тие беа неразумни. Второто ниво е поразумно. Знаете, мислењето се менува, а потоа… склучувате договор со овие луѓе, а потоа ви испраќаат документ што пристигнува за 5 дена, иако можеше да пристигне за 20 минути. Знаете, тоа е прилично едноставен документ“, рече Трамп.

Дипломатските напори за постигнување мировен договор меѓу Техеран и Вашингтон се во застој во последните недели и покрај прекинот на огнот кој трае повеќе од еден месец.

Израел и САД на 28 февруари годинава го нападнаа Иран. Тие се против тоа Иран да поседува нуклеарно оружје. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести