Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Трамп Германците се лоши и ќе ја запре продажбата на нивните автомобили

За Трамп Германците се лоши и ќе ја запре продажбата на нивните автомобили

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја нападнал Германија и нејзината продажба на автомобили во САД на средбата со лидерите на Европската Унија, тврди интернет-страницата на неделникот Шпигел.

„Германците се лоши, многу лоши. Погледнете ги милионите автомобили што ги продаваат во САД. Страшно. Тоа ќе го прекинеме“- рекол тој на средбата со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на Европскиот совет, Доналд Туск, и со други високи претставници на ЕУ во Брисел.

Тогаш Јункер интервенирал, вели изворот, и енергично ја бранел Германија. Тој рекол дека слободната трговија им користи на сите.

Трамп и Меркел треба да се сретнат на самитот Г-7 во Таормина, Сицилија, в петок.

Засега, ниту канцеларката Ангела Меркел, ниту Белата куќа не ги коментираа тврдењата на Шпигел.

Слично

Поврзани вести