За Тони Блер руската инвазија на Украина е шокантна
Поранешниот британски премиер Тони Блер вели дека војната во Украина ја обедини Европа.
Според него, чинот на агресија е шокантен, но вели дека сега државите ќе се држат заедно. Блер рече дека Украина треба да добие пари и оружје за да се одбрани.
„Во овој случај ја вклучувам Британија како дел од Европа. Ќе останеме заедно и оваа агресија нема да успее“, рече Блер.
Тој кажа дека конфликтот во Украина врши голем притисок врз Русија, од која од почетокот на конфликтот заминаа милиони луѓе.
Блер се надева дека наскоро ќе биде постигнат мировен договор.
Но, има и прогнози дека војната би можела да трае до идното лето.
Слично
