Економија, финансии, бизнис

Контакт

За студентите во Европа најдобар работодавец е „Red Bull“, а најдобра земја за работа, Германија

За студентите во Европа најдобар работодавец е „Red Bull“, а најдобра земја за работа, Германија
Cтудентите во Ервопа го посочиле „Red Bull“ како најомилениот приватен работодавец, покажува истражувањето на „Carrier Service Austria“. Веднаш зад него, се наоѓаат дневникот „Der Standard“, како и компанијата „Siemens“. Студентите очекуваат дека во просек треба да заработуваат околу 2,372 евра, а најмногу очекувања имаат студентите од инженерските науки. За повеќе од две третини од студентите подеднакво е прифаливо вработувањето во јавниот и приватниот сектор, а само осум проценти од нив сакаат веднаш по студиите да се вработат. Своите шанси на пазарот за труд, студентите ги гледаат со оптимизам, и дури 59 проценти проценуваат дека три месеци по завршувањето на студиите имаат шанси да ја пронајдат соодветната работа. Исто така, 18 проценти изјавиле дека повеќе сакаат да работат во странство, а како најдобра земја за тоа ја посочиле Германија.
Слично

Поврзани вести