За сто години никој нема да се капе во Италија и Шпанија, еве и зошто!
За сто години, никој веќе нема да се бања во Италија и Шпанија, туку туристите ќе „нагрлат“ на Балтичко море, во Летонија и Естонија, тврдат двајца шпански истражувачи.
Оваа судбина, како последица на климатски промени, ќе им се случи не само на овие две земји туки и на целиот медитерански регион, предупредуваат тие, додавајќи дека туристите се повеќе за свој одмор ќе ги избираат летувалиштата во земјите на северна Европа.
Во студијата на Салвадор Бариосо и Хуан Никола Ибањез за влијанието на климатските промени на европскиот туризам се истакнува дека од 2100 година, порастот на температурите во европските земји на Медитеранот, а посебно во Италија и Шпанија, ќе ги избркаат туристите од плажата во текот на летото.
Сите убави места на северот од континентот, кои денес се сметаат за премногу ладни, како што се бреговите на балтичките земји, би можеле да доживеат силен развој на приморскиот летен туризам, наведуваат тие, преноси милански Кориера дела сера.
Шпанските истраќувачи предвидуваат дека од почетокот на 22 век, приходите од туризмот во земјите околу Медитеранот ќе почнат да се намалуваат за 0,45 одсто годишно, додека во земјите на северна Европа ќе растат по стапка ос 0,32 одсто годишно.
