Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Кина добива кредит од 30 милиони долари

ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Кина добива кредит од 30 милиони долари

Азиската банка за развој ќе и додели на Кина 300 милиони долари кредит, за да ги намали опасните нивоа на атмосферско загадување во Пекинг и регионот. Средствата ќе бидат вложени и во намалување на употребата на јаглен во иднустриалните делови од регионот.

"Нашата помош треба да помогне за намалување на емисиите, засилување на регулаторната рамка и капацитети за следење и примена на прописите", истакнал експертот по урбан развој кон банката Сатоши Ишии.

Предметниот кредит ќе биде надополнет со програма за кофинансирање под покровителство на германската развојна банка KfW во вредност од 150 милиони евра (164 милиони долари).

Во текот на изминатата недела нивоата на загадување на воздухот во кинеската престолнина ја принудија државата да помине од жолт кон црвен аларм на опасност. Училиштата во градот беа затворени, а активностите на сите градилишта и фабрики беа силно ограничени или целосно прекинати. Движењето на тешки товарни возила, кои пренесуваат индустриски суровини и отпадоци, исто беше намалено.

Познат како еден од најголемите загадувачи во светот, Пекинг има население од 100 милиони луѓе генерирајќи 10% од бруто домашниот производ на земјата. Економијата, 60% од која сеуште ја набавува потребната енергија од јаглен.

Слично

Поврзани вести