Економија, финансии, бизнис

Контакт

За спас на Кипар потребен е брз договор

За спас на Кипар потребен е брз договор

Член на Управниот совет на Европската централна банка, Јорг Асмусен повика на што побрзо постигнување договор за пакет-мерки за спас на Кипар, што во Германија не се прифаќа со големо воодушевување.

Во денешното издание на германскиот весник „Ханделсблат“, Асмусен нагласува дека очекува програмата за поддршка на Кипар да биде готова до крајот на следниот месец.

Тој смета дека не би било во ред да се прават шпекулации во врска со овој план, бидејќи Кипар може да остане без пари.

- Ако некој планира да го одложи решението за по парламентарните избори во Германија, кои се закажани за 22 септември, тогаш тоа воопшто не е добро решение, предупредува Асмусен.

Слично

Поврзани вести