За спас на Ирак од ИСИС 1,5 милијарди долари од Пентагон
Пентагон од администрацијата на Доналд Трамп ќе побара 1,5 милијарди долари кои планира да ги потроши за обука на специјалната ирачка единица која се бори со ИСИС, а е независна од ирачката армија и му одговара директно на премиерот.

Ирачките специјалци во наредните три години ќе треба да добијат финансиска поддршка бидејќи властите во Багдад не прераспределуваат средства за нив како неофицијална воена единица.

Инаку ICTS единицата губи околу 40% од своите припадници во борба и натаму се карактеризира со висок степен на непрофесионалност, но нема дезертерство како кај останатите припадници на ирачките воени сили кои бегаа од налетите на ИСИС.
Целта на Пентагон е да се продолжи програмата на претходниот претседател Барак Обама бидејќи без овие специјалци на терен ќе нема сила која ќе може да им се спротистави на џихадистите, ниту на шиитите подржани од Иран и Русија.
