За Сорос ЕУ е пред распад и мора да ги реши овие проблеми
Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека Европската Унија е пред распад, и го претстави својот план за нејзин спас, пишуваат американските медиуми.
Вели дека Европската Унија е во егзистенцијална криза и понуди план за спасување.
„Напуштањето на нуклеарниот договор со Иран и уништувањето на трансатлантската алијанса меѓу ЕУ и САД ќе имаат негативни последици врз европската економија. Може да дојде до глобална финансиска криза“- кажа Сорос.
Тој спомена три главни проблеми - „мигрантската криза, политиката на штедење, која ги доведе популистите на власт, и територијалното распаѓање“, за кое како пример го наведе брегзитот.
„Европската Унија е под притисок од поголемите и помоќни држави, кои бараат земјите со економски проблеми да ја намалат потрошувачката за да ги намалат долговите. Овие мерки за штедење доведоа до високата стапка на невработеност во земјите како што се Грција и Италија. Дополнителен проблем е и миграцијата од Блискиот Исток и Африка во многу земји што веќе се борат со претстојната финансиска криза“- рече Сорос.
Сорос вели дека Европа најпрво мора да ја реши миграционата криза и да ги укине регулативите што одредуваат колку мигранти мора да прими секоја држава:
