Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Сноуден да добие азил во Еквадор, молба потпишаа над 8.000 познати личност

За Сноуден да добие азил во Еквадор, молба потпишаа над 8.000 познати личност

Барање до претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа со молба да обезбеди политички азил за поранешниот службеник во ЦИА, Едвард Сноуден, потпишаа над 8.000 познати личности од науката и културата, претежно од САД.

Според нив, податоците објавени од Сноуден до голем степен помогнаа да бидат откриени застрашувачки акции на шпионажа извршени од Владата на САД врз граѓаните и луѓе во светот, се вели во документот.

Активистите потсетуваат дека лани упатиле молба за азил и за основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

-Ништо не покажува дека податоците откриени од Сноуден се закана за националната безбедност или биле со таква цел, се вели во писмото. Меѓу потпишаните се режисерот Оливер Стоун, публицистот Ноам Чомски,и голем број холивудски актери.

Властите во Еквадор велат дека нема да потклекнат на меѓународниот притисок, додека тие го вагаат барањето за азил на поранешниот изведувач во националната безбедност НСА, Едвард Сноуден. Претседателот на Еквадор и други високи официјални лица во четвртокот изјавија дека тие ги одбиваат трговските бенефиции кои САД им ги дава како дел од неколку акти, јавува Си-Ен-Ен. "Во лицето на закани, дрскост и арогантност на одредени сектори на САД, кои се под притисок да се отстранат повластените тарифи поради случајот Сноуден, Еквадор му кажува на светот дека ние еднострано и неотповикливо се откажуваме од повластените тарифи", рече претседателот Рафаел Кореа , повторувајќи коментари на други претставници на неговата влада направени порано во текот на денот.

Но, ситуацијата со Едвард Сноуден е дојдена до ќор-сокак, откако Москва одбила да му одговори на Вашингтон на неофицијалните барања за негово предавање, изјавил синоќа руски функционер, пренесува АП.

Анонимниот извор, упатен во случајот на поранешниот службеник на американската Национална безбедносна служба (НСА), изјавил за агенцијата Интерфакс дека Москва од Вашингтон не добила официјално барање за екстрадиција.

„Имаше контакти на неофицијално ниво, преку дипломатски канали, со барање за приведување и депортирање“, изјавил изворот, истакнувајќи дека поради тензиите во руско-американските односи околу прашањата за човековите права и војната во Сирија, Москва одбила на тоа да одговори.

„Нема основа Русија да преземе какви било сериозни чекори, особено имајќи ја предвид нестабилната состојба на нашите билатерални односи. Ситуацијата со Сноуден стигна до ќор-сокак“, изјавил рускиот функционер.

Тој навестил дека ситуацијата на Сноуден ќе се реши кога Еквадор, или некоја друга земја, ќе му одобри политички азил, пренесува Асошиејтед прес.

Сноуден веќе петти ден се наоѓа на московскиот аеродром, каде чека одлука на барањето за политички азил во Еквадор.

Слично

Поврзани вести