Економија, финансии, бизнис

Контакт

За силување сириски деца Турчин доби 108 години затвор

За силување сириски деца Турчин доби 108 години затвор

Турски чистач во камп за сириски бегалци е осуден на 108 години затвор поради сексуални напади над момчиња кои живеат во него, пренесе Ројтерс.

Овој случај покажа на какви ризици се изложени децата бегалци, додава агенцијата.

Турчинот на возраст од 29 години не ги негираше покренатите обвинувања, но рече дека многу од вработените и луѓето од управата на логорот се вмешани во сексуални напади над деца. Нападите се извршени во логорот Низип во Газијантеп во јужна Турција. Жртвите се момчиња на возраст од 8 до 12 години.

Чистачот рече дека платил на децата по 2-5 турски лири, пред да изврши напад врз нив во тоалетите на кампот.

Дел од семејствата на жртвите поднеле жалба и чистачот е осуден поради злоупотреба на 8 сириски момчиња.

Слично

Поврзани вести