Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што зборуваа Раул Кастро и Барак Обама?

За што зборуваа Раул Кастро и Барак Обама?
Американски претседател за прв пат прави официјална посета на Куба од 1928-ма година. Главна тема на разговор меѓу двајцата е прекин на тензиите меѓу двете земји, што траеја со децении. Во разговорот со Кастро, Обама изразил мислење дека други држави, меѓу кои и САД, не треба да се мешаат во судбината на Куба. Од своја страна Кастро потсетува за „длабоките разлики" меѓу двете држави, но вели дека е фокусиран на „работите кои ги зближуваат". САД сè уште не го прекинале долгогодишното економско ембарго против Куба. Посетата е во Палатата на револуцијата во Хавана, откако претходно Обама посакал да ја посети барелефата на Че Гевара. Иако оваа посета ќе остане во историјата, Обама и Кастро всушност се сретнуваат по трет пат. Патувањето стана повод за коментари и во политичките кругови, а кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп дури ја коментира на страната на „Твитер". "Охо, претседателот Обама пристигна во Куба, важен настан. А Раул Кастро дури не отиде да го пречека. А папата го поздрави, и други, исто така. Никакво почитување "- напиша Трамп на" Твитер“.
Слично

Поврзани вести