За што трошат најмногу пари Русите?
Околу 50% од луѓето во земјата констатираат пад на животниот стандард.
Русите трошат за храна половина од приходите, пишува „Комерсант". Трошоците денес наликуваат како во времето на претходната криза во 2008-2009 година, појаснува весникот. Уделот на храната тогаш достигна 49,6% од прометот на мало во Русија. За споредба, во 2015 година храната достигнуваше 48,6 % од прометот, а во 2014 година 47%.
Во февруари 2016 година реалните приходи на руското население се намалени за 6,9% во однос на истиот период од претходната година, а реалните плати се пониски за 2,6%. Сиромаштијата е зголемена лани, пишува весникот. Русите спасот од сиромаштијата го бараат во отварање на сервисни работилници, работилници за изработка на мебел, слаткарници и дури бизниси.
