Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што сонуваат сирските деца?

За што сонуваат сирските деца?

Сиријците кои ги следат случувањата во нивната земја преку медиумите, чекаат успешно да заврши операцијата „Маслиново гранчe“ во Африн.

Сирискиот ученик од петто одделение, Сејдо Мурад, во разговор за АА рече дека тие престојуваат тука, бидејќи се плашат од терористичката организација.

Мурад истакна дека ја сака земјата повеќе од било што, која морал да ја напуши на рана возраст.

„Поради интензивните конфликти дојдовме во Турција. Долго време сме тука. Во моментот нема војна во Кобане, моето семејство не сакаше да се врати кога заврши борбата, продолжи да живее тука, бидејќи мислеше на нас. За среќа, одиме во училиште тука, продолжуваме со нашето образование. И покрај тоа, сакаме да се вратиме дома во нашата земја, но не е безбедно. Кога се ќе биде добро ќе се вратиме дома. Многу ми недостига Кобане“- раскажа Мурад.

Десетгодишната Нарин Бозан од Рака, која оди на училиште во истиот клас, исто така изјави дека кога започнала војната заминале од Дамаск во Рака, а потоа и од Ајн Ал-Арап. По нападот на терористичката организација ИД, тие се засолниле во Турција.

Околу 11.000 деца-бегалци, претежно Курди, кои избегаа од конфликтите и угнетувањето од терористички организации во сириските погранични области во реоните на градовите Алепо, Тел Абјад и Мунбиџ, сега живеат во шаторскиот град Суруч, во Шанлиурфа, со можностите кои им ги нуди Турција.

Седум илјади деца кои го продолжија своето образование во шаторскиот град, покрај можностите и поддршката што им ги нуди Турција, го чекаaт денот кога нивната земја ќе биде ослободенa од ПУД/ПКК и ќе се вратат во своите домови. 

Слично

Поврзани вести