За што разговараа Путин и Макрон?
Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Франција зборуваше за ,,внимателен оптимизам”, кога станува збор за истокот на Украина, откако контактирал со новоизбраниот претседател Владимир Зеленски.
Тој пред средбата со францускиот колега Емануел Макрон најави дека ќе разговара со него за своите телефонски контакти со новоизбраниот украински претседател Зеленски.
Францускиот претседател на средбата се заложил за четирилатерална средба во текот на наредните недели, бидејќи смета дека постои промена во односите на Москва и Киев.
На средбата во летната резиденција на Макрон на југоистокот на Франција беше договорен самит во Нормандиски формат (Русија, Украина, Франција и Германија). Макрон на средбата со Путин се заложил за безбедност и доверба меѓу ЕУ и Русија.
Путин изјави дека ја поддржува сириската војска во борбата против терористичката закана, откако Макрон се заложи за прекин на борбите во Идлиб.
Макрон најави дека ќе ја посети Русија во мај 2020 година за да учествува на одбележувањето на 75 . годишнината од победата над фашизмот.
