За што разговараа Карлос Слим и Леброн Џејмс во саботата на вечера?
Мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим неодамна вечерал со Леброн Џејмс , што ги поттикна шпекулациите за евентуален заеднички бизнис потфат или филантропски активности меѓу вториот најбогат човек во светот и ѕвездата од НБА , пишува Forbes .
Двајцата вечерале во неименуван ресторан во Мајами по победата на Мајами Хит против Орландо Меџик во саботата . По средбата со Слим и членови на неговото семејство Леброн Џејмс објави на Instagram фотографија со мексиканскиот магнат , под која напиша:
" Штотуку бев на одлична вечера со Карлос Слим и неговото семејство! Прекрасни луѓе. Ќе се видиме повторно. "
Запрашан за коментар Артуро Елиас Ајуб кој е портпарол на Слим и негов зет , го одговорил следново: " Тоа беше само вечера на двајца пријатели по натпреварот. "
Слим и членовите на неговото семејство често се среќаваат со познати личности , како во Мексико , така и во странство . Најстариот син на Слим - Карлос Слим Доми , беше забележан неодамна во Мексико Сити со актерот Мел Гибсон и пејачот Марк Ентони .
Оваа изјава на Артуро Елиас Ајуб сепак не стави крај на шпекулациите. Според спортскиот мексикански сајт DiarioGol.com Леброн Џејмс разговарал со Слим за можноста за инвестиција во проект за нов фудбалски тим во Мајами , кој е предводен од Дејвид Бекам . Слим поседува пет фудбалски екипи - четири во Мексико преку América Móvil и Реал Овиедо во Шпанија преку Grupo Carso . Мексиканскиот весник Milenio пак тврди дека вечерата била поврзана со желбата на Џејмс да го запознае Слим со активностите на својата фондација која им помага на сиромашните деца да добијат образование .
Слим верува во промовирањето на обуката за деца во нерамноправна положба и посветил голем дел од филантропски активности во таа насока . Според theybf.com Леброн пак ќе инвестира во мултимилионната компанија Mobli , популарен израелски конкурент на Instagram . Слим неодамна инвестираше 60 милиони долари во Mobli преку América Móvil . Слим е вториот најбогат човек во светот. Во моментов од Forbes оценуваат неговата состојба изнесува 72 милијарди долари , во споредба со 73 милијарди долари во март .
Слично
