Економија, финансии, бизнис

Контакт

За само две години, од бездомничка станала милијардерка

За само две години, од бездомничка станала милијардерка
Списанието Форбс објави статија за жена која од бездомничка станала милијардерка за само две години. Милијардерката со име Дени Џонсон е добро позната во Америка по тоа што се појавила во емисијата Secret Millionaire. Таа била дете кое имало проблеми со дрога, а израснала во семејство кое живеело од социјална помош од државата. Како мала била и физички и сексуално злоупотребувана. Останала бремена на 17 години, а на 21 година живеела на Хаваи и работела како келнерка, тогаш нејзиниот дом бил нејзиниот автомобил. Била зависник од кокаин и алкохол. Бадник 1990 година Животот ѝ се променил на Бадник 1990 година. Таа ноќ Џонсон се забавувала со своите пријатели и кокаинот. "Се сеќавам дека се разбудив во 10 наутро на една крпа на плажа и единствено што ме интересираше беше кокаинот. Одев наоколу и се распрашував каде можам да најдам дрога". Тој ден би го дала и своето тело, бев спремна да станам и проститутка за кокаин, толку ниско сум паднала. Се мразев себе си. Знаев дека иднината не ми е сјајна. Мојот живот немаше никаква вредност, не постоеше шанса за истиот да се подобри" - вели Дени. Отишла до морето со цел да си го одземе животот. Но, тогаш слушнала "глас"“. "Слушнав глас: "земи си ја крпата и замини. Чувството за кокаин исчезна, веќе не сакав да го земам. Се возев околу 45 минути до плажата на која живеев". "Цело време левата страна од мозокот ми говореше „ова не треба да биде твој живот, ти не треба да пиеш", а десната "ти си лузер, ти си полоша од твоите родители". Тоа беше војна во мојата глава, а јас бев како во транс. Не знам зошто сум одлучила да го послушам првиот глас", вели Дени. Ги игнорирала правилата и започнала бизнис Почнала да размислува што може да работи и како да излезе од својата ситуација, нормално, првата ноќ не го пронашла одговорот. Следното утро кога се разбудила во својот автомобил, погледот и паднал на програма за слабеење. Се јавила кај производителот и се распрашала како може да стане нивен застапник. И одговориле дека и треба дозвола и пари, а тоа таа го немала. Затоа на своја рака одлучила да изнајми говорна пошта, напишала огласи дека продава програма за слабеење и почнала да се рекламира по градот. После 3 часа откако ги поставила огласите, добила 25 пораки и нарачки вредни 4. 000 долари. Го побарала производителот, ги купила програмите и така започнал бизнисот. Во првата година заработила 1 милион долари со продавање на програмата, втората година станала милијардерка и остварила и отворила 18 центри за слабеење. Денес, оваа жена работи како мотивационен говорник, автор е на многу книги и програми кои имаат за цел да му помогнат на нејзините клиенти за да го остварат она што го сакаат. Има свое семејство, маж, пет деца и четири внуци.
Слично

Поврзани вести