Економија, финансии, бизнис

Контакт

За првпат во историјата сиромашните „побогати“ од богатите?!

За првпат во историјата сиромашните „побогати“ од богатите?!

Збирот на бруто-домашниот производ на земјите во развој за првпат во историјата е поголем од БДП на богатите светски економии, ги пренесува „Хафингтон пост“ податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

Иако треба да се истакне дека споредбата е направена врз усогласување на паритетите на куповната моќ, податоците покажуваат дека вредноста на стоката и услугите што ги произведуваат „сиромашните“ економии е поголем за 1,6 билиони долари  од она што го произведуваат светските „богати“ економии.

Пазарите во развој имаат усогласен БДП од 44,4 билиони долари, додека развиените земји произведуваат во вредност од 42,8 билиони долари  на годишно ниво, пишува „Хафингтон пост“.

ММФ меѓу развиените економии вбројува 34 држави – членките на Г7 (САД, Британија, Франција, Германија, Италија, Канада, Јапонија), останатите членки на еврозоната Грција, Австралија и Нов Зеланд, како и четири неодамна индустријализирани азиски економии – Тајван, Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја.

Преостанатите 150 земји од светот се сметаат за пазари и економии во развој.

Во споредбата не биле вклучени двете најголеми светски економии – САД, која се смета во напредните развиени економии, и на другата страна Кина, која се вбројува во пазарите во развој.

Треба да се истакне дека иако се посилни во бројки, неразвиените земји имаат значителна предност во популацијата, така се далеку зад „богатите“ земји кога станува збор за годишен производ по глава на жител (per capita).

Богатите земји можат да се пофалат со годишен производ од дури 41.369 долари по човек, во споредба со скромните 7,415 долари во земјите во развој.

Слично

Поврзани вести