Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат во светот – гарантирани месечни примања за секој?

За прв пат во светот – гарантирани месечни примања за секој?

Швајцарците гласаат на историски референдум, со кој секој возрасен граѓанин на Швајцарија може да добива гарантиран приход од 2.500 франци месечно, без разлика дали работи или не.

Поддржувачите на предлогот инсистираат дека во 21-от век работниот процес е повеќе автоматизиран и многу од традиционалните професии страдаат од недостаток на работни места поради навлегувањето на машините. А машините не земаат плата.

Факт е дека идејата за загарантиран месечен приход не е нова. Уште во 16 век Томас Мор развива ваква идеја во својата книга "Утопија". Во минатиот век економисти со леви и десни убедувања инсистираат дека тоа воопшто не е лош пристап. Американскиот експерт Милтон Фридман истакнува дека ваквиот потег ќе овозможи да се отстрани товарот од мноштвото социјални програми.

Слично

Поврзани вести