Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат во историјата – Жена на чело на General Мotors

За прв пат во историјата – Жена на чело на General Мotors
General Motors објави дека ја назначува Мери Бара за свој генерален директор . Од 15 јануари таа ќе го замени Дан Акерсон и ќе стане првата жена - шеф на најголемиот американски автомобилски концерн . 51-годишната Мери Бара во моментов е заменик директор на одделот " Светски развој на производот, набавки и доставувачкиот синџир" . "Таа беше избрана од Управниот одбор и ќе стане следниот генерален директор на компанијата" , прецизира General Motors во коминикето. 65-годишниот Дан Акерсон беше генерален директор на концернот од септември 2010 година и извршен директор од 1 јануари 2011 година. "Тој го активираше неколку месеци порано планот за наследување , бидејќи неговата сопруга неодамна дозна дека има рак во напреден стадиум " , соопшти компанијата во коминике . Управниот одбор го назначи 66-годишниот Тиодор Солсо за наследник на Дан Акерсон како претседател на Управниот одбор. "Ќе си заминам со големо задоволство од она што го завршивме , со голем оптимизам за она што ја очекува компанијата , и со голема гордост дека помогнав на General Motors да го поврати местото на предводник на Америка на светскиот автомобилски пазар " , коментира Акерсон во порака до вработените . За разлика од Акерсон , кој дојде од инвестицискиот фонд Carlyle по финансиската криза , Бара поминала 33 години од својот живот во General Motors .  
Слично

Поврзани вести