Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Запреа фонтаните во Ватикан поради сушата во Италија

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Запреа фонтаните во Ватикан поради сушата во Италија

Сушата во Рим ги натера властите во Ватикан да ги запрат фонтаните за прв пат во историјата. Во следните денови околу сто фонтани во Ватикан ќе се исушат, пренесоа светските медиуми.

Големите горештини и недостатокот на врнежи доведоа до суша во Вечниот град и ги натераа властите да преземат слични мерки. Врнежите во јули се со околу 72% помалку од просекот за месецот, а во јуни - за 74% помалку.

„Ова е прв пат кога сме принудени да ги запреме фонтаните. Како што веројатно знаете, Рим отсекогаш бил благословен со многу вода, но тоа е исклучок. Слично нешто се случува за прв пат во Ватикан“, изјави портпаролот на Рим Грек  Бурк.

Властите во италијанската престолнина најавија дека ако не паднат обилни дождови во следните неколку дена, ќе бидат принудени да воведат режим на водата и ќе започне запирање за 8 часа на ден. Со оваа одлука ќе бидат засегнати околу 3 милиони лица.

Слично

Поврзани вести