Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат по нафтената криза рестрикции на бензин во Њујорк

За прв пат по нафтената криза рестрикции на бензин во Њујорк
Возачите во Њујорк денеска се соочија со рестрикции во снабдувањето со бензин за прв пат од нафтената криза на 70-тите години, како резултат ураганот „Сенди“ и снежната виулица неколку дена подоцна, , јави Ен-Би-Си. Властите воведоа ограничување на бензинот во пет наутро на Лонг Ајленд и шест часот наутро во Њујорк. За новиот систем на снабдување на клиентите на бензинските пумпи ќе се грижи полицијата. Возачите ќе можат да се полнат бензин по системот "пар-непар", а врз основа на последниот број на регистарска табличка. „ На овој чекор се одлучивме за сите да имаат подеднакви шанси за бензин, а нема да се создадат огромни редови“, изјави градоначалникот Мајкл Блумберг, додавајќи дека тоа е добра одлука за да се надминат послесните случувања. Според него, недостигот од бензин ќе трае неколку недели. „Ако добро размислите, ова и не е некоја строга мерки откако еднаш ќе се навикнете", додаде Блумберг. Вчера, полицијата опремена во полна опрема  мораше да ги смирува незадоволните граѓани на автобуските и железничките станици поради проблемите во сообраќајот.
Слично

Поврзани вести