Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат – Муслиман ќе биде федерален судија во САД

За прв пат – Муслиман ќе биде федерален судија во САД
Претседателот Обама го номинираше Абид Риаз Куреши за првиот кандидат кој би бил федерален судија во Соединетите американски држави. Судијата Куреши треба да биде назначен во обласниот суд на Колумбија како издвоен дистрикт од Вашинтгон. Обама изјави дека е уверен Куреши совесно и достоинствено ќе ја извршува функцијата. Потегот на Обама доаѓа во вистинско време кога Доналд Трамп шири параноја против муслиманите за кои најавува дека ќе им забрани целосен влез во САД ако стане претседател. Назначувањето на Куреши го поздравија и исламските асоцијации во САД кои сметаат дека Обама придонел од секоја заедница да бидат избрани најдобрите поединци кои ќе му служат на народот.
Слично

Поврзани вести