Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат министерка за надворешни во посета на Македонија

За прв пат министерка за надворешни во посета на Македонија

За прв пат Македонија ќе ја посети еден министер за надворешни работи на Австралија, откако Џули Бишоп реши да одржи Балканска турнеја. 

Министерката за надворешни работи на Австралиј ќе престојува во Република Македонија и како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска поддршка помош на Владата на Австралија.

Во рамки на посетата на регионот Бишоп ќе престојува и во Хрватска и Србија, а посетите имаат за цел зајакнување на билатералните односи и подобрување на економските и безбедносни интереси на Австралија во регионот. 


Слично

Поврзани вести