За прв пат интонирана британската химна со новите зборови
Собраните во катедралата Свети Павле во Лондон за првпат по смртта на кралицата Елизабета Втора ја пееја изменетата национална химна на Обединетото Кралство.
Со смртта на кралицата и новото владеење на кралот Чарлс Трети, зборовите на националната химна веднаш беа сменети од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“, јавува Би-би-си.
Химната беше испеана по богослужбата одржана во катедралата во спомен на покојната кралица.
Тие зборови последен пат биле испеани во 1952 година, кога биле сменети во „кралица“ по смртта на кралот Џорџ Шести и крунисувањето на кралицата Елизабета. Со нов крал и машки престолонаследник, а тоа е принцот Вилијам, химната веројатно ќе остане „Господ чувај го кралот“ во иднина.
Слично
