Економија, финансии, бизнис

Контакт

За пристоен живот потребни се две работи во Чешка

За пристоен живот потребни се две работи во Чешка
Над 100 илјади Чеси и официјално признаваат дека поради недостиг на средства за убав живот,  работат по две работи. Според неофицијалните проценки, покрај редовната работа бараат начини за екстра заработка една четвртина од сите вработени, односно повеќе од еден милион луѓе. Екстра заработувачка се остварува главно со чистење по домови или како дополнителна помош во супермаркетите во ноќните часови. Ова е потребно поради тоа што нема раст во платите додека трошоците за животниот стандард се зголемени. Анкетата на Центарот за истражување на јавното мислење (ЦВВМ) покажала дека повеќе од половина од домаќинствата имаат финансиски проблеми.  Во последните неколку месеци, за околу 2.500 пораснал бројот на луѓе кои го оствариле правото да регистрираат бизнис лиценца односно популарно наречено „човек-фирма“. Оваа форма, некогаш се злоупотребува и се користи само формално. Така вработувачот заштедува на придонесите бидејќи лицата кои се регистрирани сами плаќаат данок и социјални давачки, само на минимална основа. Според Министерството за труд и социјална политика, просечниот личен доход на ниво на државата не можат да го остварат две третини од вкупно 4,7 милиони вработени.    
Слично

Поврзани вести