Економија, финансии, бизнис

Контакт

За преговoрите и Зеленски има услов

За преговoрите и Зеленски има услов

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски има услов. 

Вели дека треба да прекинат бомбардирањата, за да продолжат преговорите со Русија. 

Зеленски денеска изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат преговорите за целосен прекин на огнот.  Тој ги повика членките на НАТО да воведат зона на забранети летови за да ги запрат руските воздухопловни сили, нагласувајќи дека тоа ќе биде мерка на претпазливост што не треба да ја вовлече Алијансата во војна со Русија.

Зеленски, кој ги одби понудите да го напушти главниот град додека руските сили напредуваат кон Киев, исто така рече дека неговата земја ќе бара законски обврзувачки безбедносни гаранции доколку НАТО ги затвори вратите за Украина за членство во Алијансата.

Загинати цивили има во Харков и во Киев. 

Слично

Поврзани вести