За пет години во оваа земја ретко кој ќе може да купува цигари
Хаваи размислува да забрани продажба на цигари на лица помлади од 100 години.
Земјата има еден од најстрогите закони за продажба на цигари во светот.
Таа е прва држава во светот која ја подигна старосната граница за легално купување цигари на 21. Од следната година старосната граница ќе се качи на 30, а потоа секоја година возраста би се кревала сè додека не дојде до 100-годишна возраст во 2024 година. Тоа значи дека во 2024 година на помладите од 100 години ќе им биде забрането да купуваат цигари.
Една од причините поради која законот целосно ќе стапи на сила во 2024 година е за властите да имаат време да најдат начин за надоместување на изгубените приходи од данокот за цигари, кои годишно изнесуваат околу 100 милиони долари.
Старосната граница нема да се однесува на електронските цигари и на тутунот за џвакање.
