Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Папата експлоатирањето работници е смртен грев

За Папата експлоатирањето работници е смртен грев

Во утринската проповед Папата Францис  истакна дека работната експлоатација е модерна форма на ропство.

Тој вели дека работодавците кои ги експлоатираат вработените за свој профит, вршат смртен грев. Папата ги осуди сите кои се збогатуваат преку експлоатирање на сиромашните. Според него,  смртен грев е претварањето на работниците во „робови" и склучувањето на неправедни договори. Папата зазема критички позиции за бројни социјални проблеми.

Тој додаде дека оние кои експлоатираат, не се разликуваат од шверцерите на луѓе во минатото.  Дел од проповедта пренесена од Радио Ватикан, гласи: „Да се ​​живее од крвта на луѓето, тоа е смртен грев! Смртен грев. Тој бара толку многу покајание и многу добри дела, за да биде простен“.

Слично

Поврзани вести