Економија, финансии, бизнис

Контакт

За овие граѓани Германија ја ограничува социјалната помош...

За овие граѓани Германија ја ограничува социјалната помош...

Доколку не работат, Бугарите и Романците нема да имаат право на социјална помош во Германија - во период од пет години. 

Се очекува Берлин да прифати соодветна одлука следната недела. Тоа ќе важи за сите странци од ЕУ, пишува Дојче Веле.

Во почетокот на декември 2015 година, Федералниот социјален суд одлучи дека германските општини се обврзани да исплаќаат социјална помош на невработените мигранти државјани на земји од ЕУ, кои престојувале над шест месеци во Германија. Неколку дена потоа германската социјална министерка најави дека планира закон кој ќе го ограничи правото на добивање на социјална помош.

Се наведува дека општините не се должни да обезбедуваат средства на овие граѓани. 

Според податоците на германското Биро за труд во јануари 2016 година вкупно 440 000 странци од ЕУ добивале социјална помош во Германија. Полските граѓани претставуваат најбројни група со 92000 лица. По нив се Италијанците со 72 000. А на трето и четврто место се рангираат Бугарите и Романците - со соодветни 71 000 и 57 000 лица кои примаат социјална помош во Германија. На петтото место се Грците или 46 000 луѓе. 


Слично

Поврзани вести