ЗА НОВИТЕ СОЕВИ, НОВИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД: Директорот на БиоНТек тврди дека до средината на 2022 ќе мора да се прават адаптирани верзии
Извршниот дирекор на фармацевтската компанија БиоНТек, Угур Шахин тврди дека до средината на следната 2022 година ќе бидат потребни нови вакцини против „следната генерација“ на мутациите на корона вирусот.
Во интервју за Фајненшл тајмс, тој
вели дека и покрај тоа што делта варијантата на Ковид -19 е позаразна,
сегашните вакцини, посебно бустер дозата, се доволни за заштита. Но, според
него ќе се појават нови мутации, за кои ќе бидат потребни нови вакцини.
„Оваа година, друг вид вакцина е целосно непотребен. Но, кон средината на следната година, ситуацијата може да биде поинаква. Ќе бидат потребни „адаптирани“ верзии на сегашните вакцини за конкретно насочување на новите соеви што се појавуваат. Овој вирус ќе остане и понатаму ќе се прилагодува. Немаме причина да претпоставуваме дека вирусот на новата генерација ќе биде полесно да се справи со имунолошкиот систем отколку постојната генерација. Ова е континуирана еволуција и таа еволуција штотуку започна“, рече Шахин.
