Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА НИВ ИДЕЈАТА ЗА ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА Е ОПАСНА: Израел ќе гради нова населба на окупираниот Западен Брег

ЗА НИВ ИДЕЈАТА ЗА ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА Е ОПАСНА: Израел ќе гради нова населба на окупираниот Западен Брег

Израел ќе гради нова населба на окупираниот Западен Брег. 

Државата денеска ги објави плановите за изградба на нова еврејска населба на окупираниот Западен Брег, прва од 2017 година. Населбата ќе се протега на површина од 148 хектари, пренесуваат локалните медиуми.

Израелскиот министер за финансии, Бецалел Смотрич, изјави дека оваа населба е одговор на акциите на палестинското раководство на Западниот Брег и на државите кои ја признале палестинската држава. Смотрич изјави дека израелската Влада денеска одобрила изградба на нова населба, која, како што посочуваат активистите за човекови права, е на локација прогласена за светско наследство на УНЕСКО во близина на Витлеем на окупираниот Западен Брег.

Смотрич изјави дека планот е за населбата Нахал Хелец, која се наоѓа во блокот Гуш Ецион јужно од Ерусалим. 

„Ниту една антиизраелска и антиционистичка одлука нема да го запре понатамошниот развој на населбата. Ќе продолжиме да се бориме против опасната идеја за палестинска држава и да утврдуваме факти на теренот. Ова е мојата животна мисија и ќе ја продолжам колку што можам“, изјави екстремнодесничарскиот политичар.

Во согласност со меѓународното право, сите израелски населби на Западниот Брег се сметаат за нелегални, но Израел продолжува да ги проширува. Групата активисти „Мир сега“ го критикуваше потегот, предупредувајќи дека тоа го загрозува културното наследство на областа.
Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел и војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести