За невакцинираните патници нема влез во Финска дури и ако имаат негативен тест
Во Финска се воведени строги правила за влез.
Од денеска странските патници кои не се вакцинирани против Ковид 19, дури и со негативен тест, веќе нема да можат да влезат во Финска.
Портпаролот на граничната служба потврди за „Франс прес“ дека невакцинираните странци ќе бидат одбиени, освен оние помлади од 16 години или оние кои се на листата на исклучоци.
„Без разлика на потеклото на странскиот патник, секој мора да покаже потврда за вакцинација и негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа“, изјави Томи Кивенџури, претставник на финската гранична стража.
Мерката која стапи на сила во 14 часот важи и за граѓаните на Европската унија, а важи за лица родени пред 2006 година.
Исклучок се здравствениот и транспортниот персонал, сериозните семејни причини или луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош, како и некои жители на пограничните области на Шведска и Норвешка.
