„ЗА НЕКОЛКУ САНТИМЕТРИ ИЗБЕГНАВМЕ СИГУРНА СМРТ“: Очевидец раскажа за ужасот во Нотингем
Малку пред 13:00 часот, Би-Би-Си јавува дека нивниот новинар Навтеј Јохал
видел неколку вооружени полицајци како упаднале во имот на патот Илкестон, а сега таму е поставен полициски
кордон.
Полицајците ја скршиле вратата и се уште вршат претрес.
Инаку, за страшното злосторство говори и очевидец, кој како што нагласи, тој и неговата сопруга за само неколку сантиметри избегнале сигурна смрѕ.
-Во 5.28 часот стигнавме до саат-кулата и видовме лице како лежи на подот. Имаше луѓе собрани наоколу - мислев дека е зависник од дрога или нешто слично. Потоа излеговме надвор од Theatre Royal на раскрсницата на Market Street и улицата Upper Parliament Street и додека жена ми ја отвораше вратата од автомобилот, слушнавме силен тресок. Бело комбе доаѓаше кон мојот автомобил, но нагло заврте и не промаши за неколку сантиметри, качувајќи се на тротоарот.
Излегов од автомобилот и видов две лица како лежат на земја. Се чинеше дека госпоѓата е добро - таа беше потресена, но седна и изгледаше подобро, човекот кој беше силно повреден изгледаше многу лошо. Тој беше од другата страна на патот и луѓето му помагаа.
Инаку, освен напаѓачот, уште две жени биле одведени од вооружени полицајци.
ФОТО: EPA-EFE/Lindsey Parnaby