Економија, финансии, бизнис

Контакт

За нападот во Ница уапсени четири лица

За нападот во Ница уапсени четири лица

Во Франција четири лица се уапсени во врска со истрагата за нападот во Ница, во кој загинаа 84 лица.

Полицијата информира дека дека три лица се уапсени рано изутрината, а уште еден е уапсен претходниот ден. Жената на возачот , исто така, ќе биде однесена на сослушување за да утврдат мотивите на напаѓачот.

Напаѓачот кој беше Французин со туниско потекло е идентификуван како 31-годишниот Мохамед Лаолеј Булел. Тој беше застрелан од полицијата.

Француските власти се обидуваат да утврдат дали тој делувал сам или имал соучесници и дали неговите мотиви за нападот се поврзани со радикалниот ислам.

Булел е роден во Тунис, но се преселил легално во Франција. Неговиот татко за француската телевизија кажа дека тој не бил религиозен и не одел ниту во џамија. Во Франција се одржува тридневна жалост за жртвите од нападот во Ница.

Слично

Поврзани вести