ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец
Руската полиција уапси уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва и тој е државјанин на Таџикистан.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата, пренесе ТАСС.
Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот. Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинаа 145 лица. Нападот се случи на 22 март. По нападот имаше бран незадоволство кон Таџикистанците во Русија.
Слично
