Економија, финансии, бизнис

Контакт

За месец дена Украина ќе го врати Крим?

За месец дена Украина ќе го врати Крим?

Украина не се откажува од враќање на Крим. 

Според заменикот на украинскиот министер за одбрана, Володимир Хаврилов, пензиониран генерал мајор, украинските сили би можеле да го вратат Крим до крајот на декември, а целата војна со Русија ќе заврши до пролетта. Тој порача дека Украина никогаш нема да престане да се бори.

За преговори со Кремљ, Хаврилов изјави дека тие ќе се случат дури кога руските трупи ќе бидат спремни да ја напуштат секоја педа од Украина. Toа значи и Кримскиот Полуостров кој Русија го анектираше во 2014. За Скај њуз кажа дека верува дека шансите Русија да изврши нуклеарен напад се мали. Украина објави дека најмалку 83.880 руски војници се „елиминирани“ од почетокот на војната.

Претседателот Володимир Зеленски побара од врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни да го намали нивото на публицитет.

Неодамна Русите се повлекоа од Херсон, а Американец кој живеел во овој град раскажа како се спасил во текот на тие осум месеци.

Полска се плаши дека походот на Русија ќе продолжи и врз други земји ако Украина не добие доволно силна поддршка. 

Слично

Поврзани вести