ЗА МЕНЕ ФАКУЛТЕТОТ Е СВЕТОСТ - се огласи доцнетот обвинет за сексуално вознемирување на Архитектонскиот факултет во Белград
По громорозните анонимни дојави на студентките од Архитектонскиот факултет во Белград, српските медиуми јавуваат дека за „недоличното однесување и сексуална злоупотреба“ го обвинуваат доцентот Андреј Јосифовски, кој е архитект и има 32 години.
На веб-страницата на Архитектонскиот факултет стои дека Јосифовски од април 2015 година е доцент, како и дека на истиот факултет магистрирал академски студии, а моментално е докторант.
Како што пишува „Нова.рс“ самиот Јосифовски на својот Инстаграм се претставува како доктор на науки и доцент, а воедно тој се огласи и по повод обвинувањата на студентките - За мене факултетот е светост.
По повод овие обвинувања Јосифовски напишал дека има институции чија работа е да го истражат и проверат сето ова. Неговата објава на социјалните мрежи ја пренесуваме во целост.
- Неодамна Архитектонскиот факултет спроведе анкета каде студентите го избраа својот омилен професор/асистент. Меѓу првите шест беше и моето име. За мене е светост факултетот, кој за овие десет години работа го знаат неколку стотици студенти кои ги посетуваа моите вежби, но и колегите со кои работев. Точно е дека на многумина не им се допаѓа тоа што инсистирам на знаење и напорна работа, а не давам оценки. Сите се добро упатени во мојот професионализам.
Имам попаметна работа отколку да коментирам анонимни и измислени наводи и наслови на таблоидите, што би дозволило некој јавно да ме дискредитира. Сите знаеме чиј е механизмот на работа, а општо познато е дека денес се може да се нарача. Веројатно се замерив со тие што ја загадуваат околината и нив не им е проблем да оцрнат човек. Впрочем, има институции чија работа е да го истражат и проверат сето ова. Нема повеќе да се огласувам на оваа тема и во оваа прилика - пишува во објавата на Инстаграм.
Инаку, во признанијата во споменатата анкета, против Јосифовски се појавија обвинувања за наводно недолично однесување.
Една од жртвите која се пријавиле посочила дека неговото однесување е „одвратно и недолично“, како и „многу некултурно“, со наводи дека „со години живее од студенти“.
Во друга исповед се тврди дека Јосифовски наводно „флертувал со девојки од факултет“ и дека на вежби „дофрлал и се смешкал недолично“, а понекогаш и „се приближувал премногу и ги гушкал“.
Да потсетиме, неодамна на Инстаграм профилот во анкетата со наслов „Не се чувствувам безбедно во професорската сала (името познато на редакцијата)“ се појавија признанија на студентки кои сакаа да поттикнат и други жртви на сексуално вознемирување да се обратат до Архитектонскиот факултет. На анкетата студентите анонимно пишувале за ситуациите низ кои поминале и за сексуалното насилство што го доживеале од професорите и асистентите на факултетот.
По пишувањето на медиумите, Вишото јавно обвинителство во Белград по службена должност формирало предмет поврзан со наводите на студентите на Архитектонскиот факултет во Белград.
Повеќе за сведоштвата на следниов линк.
Фото: Принскрин/АЛО
