Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Макрон Русија е една од последните колонијални царски сили

За Макрон Русија е една  од последните колонијални царски сили

Според францускиот претседател Емануел Макрон, Русија е една од последните колонијални царски сили. 

Додаде дека Русија започна офанзива против Украина, тоа е територијална војна за која како што вели  се мислеше дека е исчезната од тлото на Европа. 

„Тоа е војна од почетокот на 20 век, дури и 19 век. Зборувам на континентот Африка кој претрпе колонијални империјализми“, рече Макрон пред новинарите во Бенин, каде што е во посета.

Кажа дека Русија решила да ги брани сопствените интереси со инвазија на соседна земја.

Францускиот претседател, кој е на турнеја низ африканските земји, рече дека Русија започнала „нов вид хибридна светска војна“.

„Русија одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти во служба на империјалистичката војна против Украина“, рече Макрон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при посетата на Африка зборуваше за глобалното поскапување на храната, за што ги обвини САД и Европската унија. Тој ги обвини САД и ЕУ дека се виновни за поскапувањето на храната поради „бесмислените“ зелени политики и трупањето резерви на храна за време на пандемијата на ковид-19.

Слично

Поврзани вести